Неколку илјади демонстранти се собраа во центарот на Љубљана во уште една од низата испровоцирани од незадоволството поради корна мерките. Демонстрантите маршираа по улиците на главниот град на Словенија, извикувајќи „Лопови, Лопови“.
Протестот почна во 15 часот, а демонстрантите цело време ги надлетуваат хеликоптери, а во еден момент полицијата употреби водени топови и солзавец.
Ogromna množica protestnikov pred križiščem Bleiwesove, Gosposvedkae in Tivolske. V prometu ostal ujet tudi kamion. @n1slovenija pic.twitter.com/m4RJCK7hda
— Marko Rabuza (@MarkoRabuza) October 13, 2021
Последните протести одржани на 5 октомври завршија со големи немири и судири помеѓу полицијата и демонстрантите во кои полицијата исто користеше водени топови и солзавец.
Na začetku Tržaške se napetost stopnjuje. Policija znova opozarja, da je shod razpuščen, odmevajo glasni žvižgi, razlega se zvok piščalk, ragelj in trobelj. #protest @24ur_com pic.twitter.com/Y7iw1HjXM3
— Tina Hacler (@TinaHacler) October 13, 2021
Минатата недела демонстрантите се обидоа на сила да влезат во хотелот Интернационал каде се наоѓаа дел од делегациите кои дојдоа на Самиот на ЕУ, но полицијата ги спречи.