Условни казни затвор од една година за насилните протести во Тетово на 17 септември

Од:

Петмината приведени за насилниот протест во Тетово и Мала Речица на 17 септември, денес во Основниот суд Тетово добија условни казни и ќе бидат пуштени на слобода, информираше еден од адвокатите во процесот. На обвинетите Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити им се судеше за сторено кривично дело „напад врз службено лице“, поради насилството врз полицајците на протестот на 17 септември кој се организираше дента во Тетово при што беше побарана одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември .

– Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно судот ја укината мерката притвор, изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди.

На 17 септември имаше протестен марш во Тетово од плоштадот па се до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето.

Би можело да ве интересира

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ