(ВИДЕО) Каевски: Компании на Данела Арсовска не плаќале струја, направиле долг од 54.000 евра, документи откриваат голем скандал за кандидатката на Груевски

Од:

„Документи кои се доставени до нас откриваат голем скандал поврзан со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала Расадник во Кисела Вода“, рече Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Но, фирмата замислете, не плаќала струја! Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари! Еве го вториот документ. Погледнете, долг од 3,3 милиони денари или 54 илјади евра.

Данела ниту е чесна ниту е независна. Кандидатката на Груевски е иста како него. Ова почитувани граѓани е класичен пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење.

Неодговорен и нечесен однос кон имотот на граѓаните, кои се реални сопственици на салата. Ако Арсовска вака лошо управува со една сала, јасно е дека нема да може да управува со цел Град.

Ако не плаќала струја, не почитувала Договор, направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.

Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје.

Не може граѓаните да си ги плаќаат своите сметки а Данела на нивниот грб да се богати.

Поразот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е јасен. Но, овде зборуваме за нешто сосема друго, зборуваме за неодговорно и недомаќинско управување на грбот на граѓаните. Има ли Данела Арсовска и други долгови и колкави се тие“, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа