Во Гевгелија отворена изложба на цртежи и скулптури од Ранко Дакиќ

Од:

Во просториите на уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија, денеска беше отворена изложба на најнови цртежи и скулптури од авторот Ранко Дакиќ, работени во десетгодишен период од 2005 до 2015 година.

Авторот на изложбата е роден во Скопје во 1958 година каде го оформил и своето образование во средното училиште за применети уметности и на Факултетот за ликовна уметност. Како самостоен уметник живее и работи во Берлин и Кавадарци, а член е на Асоцијацијата на професионални уметници на Берлин.

-Секое негово дело е крај на едни мечти и илузии, тегоби и стравови, надежи и очекувања, победи и порази, но и почеток на нови исти такви предизвици кои, барем до сега, Дакиќ успешно ги надминувал, рече за творештвото на авторот кураторот на изложбата, Златко Теодосиевски.

Настанот е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи