Голем пожар избувна денеска во нафтен погон на југот на Либан, соопштија државните медиуми, наведувајќи дека причината засега не е позната.
Националната новинска агенција објави дека немало вработени во близина кога избил пожарот во голема цистерна за гас во селото Захрани на брегот на Средоземното Море, пренесува Бета.
Пожарникарски возила веднаш пристигнале заради гаснењето на пожарот, кој е во близина на една од главните либански електрани. Фабриката престана да работи во саботата поради недостиг на гориво во време кога Либан се соочува со сериозна криза и нема струја 22 часа дневно.
Густ црн чад се надви над областа околу Нафтената инсталација Захрани, на околу 50 километри јужно од Бејрут.
Властите го блокираа главниот автопат што го поврзува Бејрут со југот на Либан и минува низ Захрани.
Пожарот избувна по повеќе од една година по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, во која загинаа 215 лица, а илјадници беа повредени, а пристаништето и околните населби беа уништени.