Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадеми соопшти дека е уапсен Сами Џасим ал-Џабури, кого САД го бараат поради управување со финансиите на терористичката група Исламска држава.
„Џабури, кој беше и заменик на поранешниот водач на ИД Абу Бакр ал Багдади, е уапсен од разузнавачките служби надвор од Ирак“, соопшти Кадеми на Твитер.
While our ISF heroes focused on securing the elections, their INIS colleagues were conducting a complex external operation to capture Sami Jasim, who was in charge of Daesh finance, and a deputy of Abu Bakr Al-Baghdadi.
Long live Iraq, and our brave heroes.— Mustafa Al-Kadhimi مصطفى الكاظمي (@MAKadhimi) October 11, 2021
САД понудија награда до пет милиони долари за фаќање на Џабури.
„Додека служеше како заменик на ИД во јужен Мосул во 2014 година, тој, наводно, служел како еквивалент на министер за финансии на ИД, надгледувајќи ги операциите за генерирање приходи на групата од недозволена продажба на нафта, гас, антиквитети и минерали“, според американскиот Стејт департмент.