Грифин не патува во Лондон

Од:

Крилниот центар на ЛА Клиперс и кошаркарската репрезентација на САД, Блејк Грифин, поради повреда на менискусот на левото колено ќе ги пропушти Олимписките игри во Лондон.

Како што наведува „Лос Анџелес Тајмс“, Грифин ќе мора да биде опериран, рехабилитацијата ќе трае осум недели, што значи дека тој навреме ќе се појави на почетокот на неговиот тим за новата сезона во НБА лигата.

Селекторот на САД, Мајк Кшижевски, изјави дека неиграњето на Грифин е голем хендикеп за тимот.

Пред почетокот на подготовките на репрезентацијата на САД, поради повреди своето учество го откажаа Двајт Хауард и Крис Бош, а подоцна тоа го сторија Дерик Роуз и Двејн Вејд.

Местото во тимот на повредениот Грифин ќе го заземе Ентони Дејвис, првиот пик на годинешниот драфт во НБА лигата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он