СДСМ: Грижата за здрава животна средина е врвен приоритет – Зелената агенда 4 години е на сила

Од:

„Екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно, удобно и европско место за живеење“, соопштува СДСМ.

„Силната посветеност на реализација на зелената агенда континуирано ја покажуваме на дело. Од сонцето правиме струја. Од ветерот правиме струја. Од отпадот правиме струја. На македонските полиња ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици.

Изминатите четири години бележиме значително намалување на загадувањето на воздуот. Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ.

За таа цел, продолжува набавката на еколошки јавен превоз за дополнително намалување на аерозагадувањето во градските средини.
Градиме пречистителни станици за да ги заштитиме водите и почвата на нашата земја. Ќе продолжи распределбата на субвенциите за инвертери за греење и за енергетско ефикасни фасади.

Само со СДСМ која го носи најдоброто продолжуваат инвестициите во одржливиот развој на општините кој носи баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој, на тој начин еднакво ќе ги развиваме сите општини во нашата татковина.

Дополнително, продолжуваме и со инвестициите во алтернативни извори на енергија, во поставувањето фотоволтаици на покривите на јавни објекти.

Нашите мерки и политики за подобро јавно здравје нема да застанат тука. Напротив, ќе започне изградба на модерни депонии кои отпадот ќе го преработуваат во енергија и трајно ќе се решаваат децениските проблеми на депонии и незаконско расфрлање на ѓубре и смет.

Како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики, со инвестиции за унапредување на квалитетот на животната средина и развој на сите општини во државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски