Тројца хрватски полицајци суспендирани поради насилство врз мигранти

Од:

Директорот на хрватската полиција Никола Милина денеска соопшти дека тројца полицајци кои учествувале во насилството врз мигранти на границата со БиХ, се отстранети од работното место и против нив се води дисциплинска постапка.

Тој истакна дека работната група, формирана откако во медиумите беше објавена видео снимка, на која се гледа како маскирани лица со делови од полициска опрема ги тепаат мигрантите, открила дека станува збор за припадници на интервентна полиција.

Нивното однесување е оценето како тешка повреда на службената должност, која сериозно го нарушува угледот на полицијата. Засега е утврдено дека станува збор за тројца полицајци кои „постапиле“ во работно време, а треба да се утврди зошто не ги носеле пропишаните униформи, додаде Милина.

– Наша работа е да го расветлиме ова до крај. Не сакаме кој било поединечен случај да влијае на пофалбите што ги добива хрватската полиција за заштита на надворешната граница на ЕУ, но и во други работи, рече директорот на хрватската полиција.

Тој повтори дека нема наредби за насилство и дека, како генерален директор, тој лично ги предупредува полициските началници најмалку три пати неделно дека не е дозволена нелегална употреба на сила, особено против ранливите категории, меѓу кои се и мигрантите.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови