Во некои метеоролошки мерни станици во Карловарскиот регион во северозападниот дел на Чешкa утрово се измерени температури од само 0,3 степени Целзиусови.
Според метеоролозите, толку ниски температури не се вообичаени за овој период од годината.
Во наредните денови во земјата се очекуваат температури од 16 до 20 степени, а во јужните делови можно е живата во термометарот да се искачи и до 25 степени.