Експлозија во џамија во Кундуз, бројот на жртви се уште непознат

Од:

Има загинати во денешната експлозија во џамија за време на петочната молитва во градот Кундуз, главниот град на северната авганистанска провинција Кундуз, потврди провинциски извор, пренесува Синхуа. Бројот на жртвите се уште не е познат.

– Инцидентот се случи кога петочната молитва беше во тек на пладне во локалитетот Сајед Абад. Засега немаме повеќе детали, но ќе се обидеме да добиеме повеќе информации, изјави за Синхуа Матиулах Рохани од провинциската влада .

Талибанските безбедносни сили ја блокираа областа заради превентивни мерки, рече тој.

Засега ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан