Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од 13 до 15 месецов организира „Студенски саем на книгата“.
На саемот со свои изданија ќе се претстават повеќе издавачки куќи како Арс ламина, Македоника литера, Државен архив, Матица македонска, Просветно дело, Логос – А, Арс студио, Албас и Три.
За две купени книги од кој било издавач НУБ ќе подари уште една по избор на купувачот.
Трите саемски дена ќе се одржат во холот на Националната и универзитетска библиотека во периодот од 10 до 17 часот.