Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска го одбележува Денот на Академијата.
Во свечената сала на МАНУ, по повод Денот на Академијата, како што е најавено, ќе говори претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.
Во рамки на одбележувањето ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Елена Верижникова и Фрсоа Пејоска-Бушро. Пригодни говори по повод доделувањето на признанието ќе одржат Марјан Марковиќ и Катица Ќулавкова.