Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Црна Гора со 29:21 (13:9) во првиот од двата меѓусебни дуели на стартот од ЕХФ Купот.
Македонските ракометарки беа рамноправни на теренот во воведните 20 минути по што Црногорките со четири последователни голови резултатски се одвоија на 11:7 и ја задржаа до полувремето предноста од четири голови разлика.
Црногорската репрезентација ја оправда фаворитската улога и констатно го зголемуваше водството во второто полувреме, кое го одбележа влегувањето во игра во финишот на натпреварот на 14-годишната дебитантка во македонскиот дрес Ива Младеновска.
Најефикасна во македонските редови беше Сара Ристовска со шест голови.
Реваншот е на програмата в недела во Никшиќ со почеток од 20:30 часот.