Ксавиер Переира нов тренер на Леванте

Од:

Шпанскиот фудбалски прволигаш Леванте, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, го именува денеска Ксавиер Переира за нов тренер до јуни 2022 година, со опција за продолжување на соработката за дополнителни две години, соопшти клубот од Барселона.

Переира на должноста доаѓа на местото на Паскал Лопез, кој доби отказ во неделата по поразот од Мајорка.

Леванте е на 18. место на табелата во Ла Лига со само четири бодови и без победа во воведните осум кола.

Переира по речиси една деценија се враќа во Леванте, каде беше помошник тренер од 2011 до 2013 година.

Би можело да ве интересира

Леванте и Хетафе ги отпуштија своите тренери

А1он

ВИДЕО: Ефектен гол на Барди, се тресеше мрежата на Атлетико Мадрид

Жарко Настоски

Уапсен дефанзивец на Леванте

Барди му донесе победа на „Леванте“