ВИДЕО: Ефектен гол на Барди, се тресеше мрежата на Атлетико Мадрид

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди беше стрелец на единствениот гол за Леванте во ремито 1:1 вечерва на домашен терен против лидерот во шпанското првенство Атлетико Мадрид.

Барди, кој одигра 86 минути од натпреварот, го донесе Леванте во водство во 17 минута, а Атлетико израмни 20 минути подоцна преку Маркос Љоренте.

За Барди ова досега е втор гол сезонава во Шпанија, откако играчот за врска пропушти речиси три месеци од сезоната поради повреда на ’рбетот.

По 23 одиграни натпревари во Ла Лига, екипата на Леванте има ефект од шест победи, седум порази и десет нерешени, и со 23 бодови е на 11 место на табелата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Македонија води на полувреме: Барди „од втора“ го надмудри Пикфорд

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Ла лига: Барса нема да биде казнета за контроверзните исплати

Барди во јануари ќе го напушти Трабзон

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб и Барди со Трабзонспор, во „лов“ на Лигата на шампионите

Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши

Катерина Ѓуровски