Повторно е каменувана куќата на актерот Петар Стојковиќ.
„Во 23.36 часот се случи второто каменување на мојата куќа. Станува збор за група млади луѓе кои веднаш по чинот се дадоа во бегство. Известена е полицијата, напиша Стојковиќ на својот профил.
За среќа нема повредени и материјална штета.
Стојковиќ упати јасна порака до ЛГБТ-фобите:
„Ме мотивирате и ме стимулирате уште поревносно да се борам за почитување и унапредување на човековите права и слободи во нашата држава“, пишува Стојковиќ.
Актерот е голем борец за правата на геј лицата, а тој јавно во колумнапризна дека е хомосексуалец.
Ова се коментарите на граѓаните:
– Обично се такви кукавиците!
– Или „фантомки“ или бегаат!
– Тие се кукавици без идентитет и јаки се само во толпа. Така се обидуваат да ги сокријат свпоте недостатоци!
– Си ги известил веројатно тие што ги пратиле!
– Брееее мажишта!
– Петар не се давај!