ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали со проектот на Коце Трајановски, „Лимак“ е инвестиција донесена пред тој воопшто да стане градоначалник

Од:

„Шилегов се фали со проектот на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, „Лимак“ е инвестиција донесена пред Шилегов воопшто да стане градоначалник. Проектот за подземна сообраќајница кај Јужен булевар е проектот кој е врзан со изградбата на станбено деловниот комплекс „Лимак“, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ, изградбата на сообраќајницата е составен дел на договорот и проектот, и во никој случај не може да се поврзе со Шилегов“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку се чекаше на Шилегов да ја направи подземната сообраќајница кај Јужен булевар, тоа ќе завршеше како тунелот под Кале.

Шилегов нема еден единствен свој проект. Тој ќе остане запаметен како најнеуспешен градоначалник на Скопје.

Шилегов е само добар повторувач, откако деновиве ги ископира проектите на Данела и половично презентирани ги кажува како свои сега почна и да презема проекти на ВМРО-ДПМНЕ од пред 6 години.

Добро е што Шилегов ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така ги потсеќа сите дека во Македонија се што е направено во поновата историја е дело на ВМРО-ДПМНЕ, а по 17-ти октомври тие дела ќе продолжат со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му