Меѓународниот аеродром во Пуебли, кој се наоѓа на 30 километри од вулканот Попокатепетл, привремено е затворен поради вулкански пепел.
– Пепелот би можел да предизвика проблеми при полетувањето и слетувањето на авионите, изјави портпаролот на аеродромот Ерберт Лопес Палма.
Аеродромот во Пуебли се користи за летови од неколку мексикански градови, како и за американските Далас, Хјустон и Тексас.
Мексиканските власти соопштија дека неделава куполата од лава расте во картерот на вулканот и е можно да дојде до ерупција.