Македонија на сива даночна листа во ЕУ поради технолошко-индустриските развојни зони

Од:

Европската Унија ја стави Северна Македонија на „сива листа“ поради недоволно исполнување на даночните критериуми, во прашање се технолошко-индустриските развојни зони.

Советот на ЕУ вчера ја стави Северна Македонија на сива листа на земји кои имаат потенцијално штетни даночни режими. Во македонскиот случај, како што објаснуваат во Брисел, ова се однесува на технолошко-развојните индустриски зони.

Одлуката на ЕУ се базира врз анализите на Организацијата за економска соработка и развој која претходно ги стави овие зони во проблематична категорија, нагласувајќи дека тие содржат потенцијално штетни особини.

Со ова, Северна Македонија се наоѓа во списокот на земји кои не ги исполнуваат сите меѓународни даночни стандарди, но кои се заложиле дека ќе ги донесат потребните измени за да се усогласат со бараните критериуми на меѓународно ниво.

Списокот на земји и територии кои не ги исполнуваат даночните стандарди се ажурира двапати годишно во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Муртезани: Брисел не гледа со оптимизам, но не го отфрла целосно предлогот за уставни измени со одложено дејство

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

ВИДЕО: Историска грешка на ЕУ е што ја стави Македонија зад Албанија

Катерина Ѓуровски