Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан припаѓа на Европската Унија

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан на Брдо кај Крањ, истакна дека со овој собир Унијата испраќа многу важна порака до регионот, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ.

– Сакаме да испратиме многу јасна порака, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ. Ги сакаме во ЕУ. Ние сме едно европско семејство. Ја делиме истата историја, вредности и убедена сум и иста судбина, рече таа.

Фон дер Лајен нагласи дека членките на ЕУ сакаат интеграција на Западен Балкан бидејќи знаат дека тоа е добро и за Западен Балкан и за ЕУ.

– Имаме заеднички интереси и заеднички можеме подобро да се развиваме. Интеграцијата на Западен Балкан во заедничкиот пазар мора да напредува. Мојата порака до Западен Балкан е – ние ве сакаме во ЕУ, продолжете со реформите, целта е пред очи, рече претседателката на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Орбан: Унгарија е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Муртезани: Брисел не гледа со оптимизам, но не го отфрла целосно предлогот за уставни измени со одложено дејство