Американски сенатори со писмо бараат од Бајден да протера 300 руски дипломати од САД

Од:

Американските сенатори со писмо го повикаа претседателот Џо Бајден да протера 300 руски дипломати од САД, доколку Москва не издаде повеќе визи за американските дипломати во Русија.

Предлогот на лидерите на Комисијата за надворешни работи и разузнавање на Сенатот, демократите Боб Менендез и Марк Ворнер и републиканците Џим Риш и Марк Руби, може да биде вовед за поостра ескалација на актуелниот спор меѓу персоналот на амбасадите, во време на тензии меѓу Вашингтон и Москва.

Русија во август и забрани на американската амбасада во Москва да задржува, вработува персонал од трета земја, освен чувари, принудувајќи ја мисијата да отпушти 182 вработени и десетици соработници, соопшти Стејт департментот.

Тоа практично значи дека во Русија сега има околу 100 американски дипломатски претставници, наспроти околу 400 руски дипломати кои се распоредени низ САД, посочија сенаторите.

„Оваа диспропорција во дипломатското претставување е неприфатлива“, напишаа сенаторите во писмото до претседателот Бајден.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија