Ќе се бараат средства за пошумување на опожарените површини и набавка на возила за справување со пожари

Од:

Владата на денешната 109-та редовна седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата со шумските пожари на територијата на Македонија, со пресек од 2019 до 15.08.2021 година.

„Врз основа на податоците од информацијата за опожарените површини, а со цел да се санираат штетите согласно редовната и вонредната програма за пошумување на ЈП „Национални шуми“, Владата му препорача на Министерството за финансии да ги разгледа можностите за алоцирање средства во висина до 421, 2 милиони денари согласно проценката за висината на штетата за целосна реализација на програмата за пошумување.

Дополнително, Владата му препорача на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, во координација со Министерството за финансии, Секретаријатот за европски прашања и ЈП „Национални шуми“, да ги разгледаат можностите за утврдување извори за финансиски средства од фондовите на ЕУ и од програмите за климатски промени на Светска банка за набавка на комплетна современа опрема, вклучително и специјални теренски возила, за справување со пожари и други природни катастрофи во согласност со предвидените реформи на системот за заштита и спасување“, се наведува во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски