Дибала се договори со Јувентус

Од:

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Пауло Дибала (27) постигна договор со калчолигашот Јувентус за нов четиригодишен договор според кој бил заработувал осум милиони евра плус два милиони во бонуси по сезона, јавија денеска италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Дибала истекува на крајот од сезоната, а новиот ќе го „врзе“ со Јувентус до јуни 2025 година.

Дибала во моментов се рехабилитира од повреда, а новиот договор се очекува да биде потпишан пред неговото враќање на теренот на 17 октомври во дербито против Рома.

Аргентинскиот фудбалер, кој дојде во Јувентус во 2015 година, во меѓувреме ги одби понудите на премиерлигашите Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала е надвор од терените 10 дена поради повреда на мускулот

Горан Наумовски

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ