(ВИДЕО) Попов: Со „Скопје смарт сити“ младите сами ќе можат да ги дефиинираат приоритетите и да креираат политики

Од:

Мартин Попов, организациониот секретар на СДСМ и кандидат за член на Советот на Град Скопје вели дека се отвораат младински центри и младински локални совети во сите општини, и дека СДСМ е партнер на младите и на централно и на локално ниво.

„Во Скопје го воведуваме проектот Смарт сити, Скопје без шалтери. Со Смарт сити, Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот.

Со Смарт сити, граѓаните, младите, директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Преку апликацијата „Мое Скопје“ на својот мобилен телефон, младите ќе можат да гласаат за предлози, да дефинираат приоритети и со тоа самите да ги креираат политиките во градот.

Со проектот се зголемува инклузивноста на сите граѓани, а пред се на младите. Односно ги вклучуваме граѓаните дирекно во процесите на одлучување.

СДСМ во изминатите 4 години и на централно и на локално ниво континуирано инвестира во младите за да останат овде, во татковината, во своите места на живеење и овде да ја градат својата иднина. Резултатите се видливи.

Младинската невработеност ја намаливме од 42 на 29 отсто. Наша цел е таа до 2024 година да се спушти на 17 отсто.

Ние сме прва земја во регионот што ја разви Младинската гаранција, преку која изминатата година се вработија над 8.400, а во првите шест месеци од оваа година 2.066 млади лица.

Инвестираме во ученичкиот и студентскиот стандард. Воведовме субвенциониран студентски оброк, а на 17.836 студенти веќе им се исплатени вкупно 25,7 милиони денари за месец септември.

Ги зголемивме студентските стипендии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди. Денес, гласот на младите се слуша, се следат нивните потреби.

Наместо во спомениците кои донесоа само кавги и поделби, ние вложуваме во издржани, реални младински политики.

И додека ВМРО-ДПМНЕ тепаше студенти, ги бркаше младите од државата, ние вложуваме во нивната сегашност и нивната иднина“, кажа Попов во денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

СДСМ: Власта им мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали телохранителот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во командир на „Тигрите“!?

СДСМ: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

СДСМ: Владата нема ниту желба ниту знае како да ги регулира високите цени на производите