Тимотеј: Субрата Рој е обичен мангуп

Од:

Земјиштето во Љубаништа станува спорно-и МПЦ и министерството за култура посочуваат деке се наоѓа во нивна сопственост.

Владиката Тимотеј за НОВА изјави дека „нема намера ниту да дава, ниту да подарува земјиште, ниту пак дека некој го прашал за земјиштето“, додавајќи дека „не може власта, односно Министерството за култура да дава нешто што не е нивно“. Што се однесува до Субрата Рој, Владиката Тимотеј го карактеризира со зборовите- „тој е обичен мангуп“.

Министерството за култура пак тврди дека земјиштето каде е планиран хотелскиот комплекс на Субрата Рој „не е црковно, туку државно“ и оттука, Република Македонија се води како сопственик.

Жителите пак на Љубаништа, чии имоти треба да станат дел од замислениот комплекс на Индиецот најавуваат дека нема лесно да се откажат од своето земјиште за без пари, за да му се поклони на Субрата Рој.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје