Радев: Бугарија ги поддржува вредностите на ЕУ во дијалогот со Македонија

Од:

Бугарија ги брани не само националните интереси, туку пред се вредностите на Европската унија, што се темелат на демократија и почитување на човековите права во својот дијалог со Република Северна Македонија. Тоа го нагласил претседателот на Бугарија, Румен Радев,во телефонски разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, разговорот бил инициран од германскиот претседател во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Словенија на 5 и 6 октомври, соопшти Кабинетот на Радев.

– Бугарија очекува конкретни резултати во однос на почитувањето на човековите права кај нашиот југозападен сосед, што ќе ја забрза европската интеграција на Република Северна Македонија, нагласил Радев.

Според соопштението Радев добил сигнали дека се врши притисок врз луѓето кои отворено го искажуваат својот бугарски идентитет, и оти, како што се наведува, се случило за време на тековниот попис на македонското население.

Претседателот на Бугарија, исто така, истакнал дека бројните декларации и ветувања дадени во текот на годините од страна на државниот врв на Република Северна Македонија кон Бугарија, остануваат неисполнети, вклучувајќи го и билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он

Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Горан Наумовски

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас

Радев на средба со Руте во Брисел: Бугарија помага во заштитата на источното крило на НАТО

А1он

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он