„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп

Од:

ВатсАп, Инстаграм и Фејсбук „паднаа“ неколку минути пред 17 часот. Трите апликации кои се во сопственост на Фејсбук, работат на истата инфраструктура и сите три престанаа да работат во исто време. Други продукти кои се дел од истото семејство апликации, како Facebook Workplace, исто така престанаа да функционираат.

Посетителите на Фејсбук може да бидат само знак „error“ на нивните екрани. Апликациите ВатсАп и Инстаграм продолжија да работат, но не покажуваат никаква содржина, вклучувајќи ги пораките кои се испратени или добиени откако се случи проблемот.

Би можело да ве интересира

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм