СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не се менува, се уште дејствува опасно по здравјето на граѓаните, води црна кампања наместо да повика на вакцинација

Од:

Од СДСМ преку писмена реакција се обратија до јавноста, по денешното соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

„Матрицата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од самиот старт на пандемијата останува иста – продолжуваат да дејствуваат опасно по здравјето на граѓаните и здравствениот систем.

Тие беа првите што ги прекршија сите мерки за заштита, се потсмеваа на болните од коронавирусот, поддржуваа антиваксерски протести, но затоа ја користат секоја можна прилика да водат црна кампања против министерот за здравство Венко Филипче, да шират невистини за масовноста на имунизацијата и да ја вознемируваат јавноста заради ситни политички поени.

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ кое, за жал, ниту еднаш не покажа грижа за здравјето на народот е најмалку повикано да зборува за каква било состојба со коронавирусот.

Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ за масовноста на вакцинацијата не може да го оспори фактот дека имунизацијата се спроведува со засилено темпо, а бележиме и значително намалување на бројот на заразени со коронавирусот.

Како одговорна власт заедно со надлежните институции континуирано апелираме на вакцинација, бидејќи вакцините се безбедни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена дека во време на пандемија застана на страната на вирусот, наместо на страната на здравствениот систем и граѓаните“, велат од СДСМ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази