Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден изјави дека сака да остане во Русија, се додека да замине со авион за Латинска Америка, соопшти денеска заменик-директорот на руската филијала на Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“, Татјана Локшина.
Според Локшина, која присуствува на средбата на Сноуден со руски активисти за човекови права во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“, Американецот, кој во својата татковина е обвинет за шпионажа поради обелоденувањето на тајните разузнавачки програми за следење на комуникациите, ги замолил соговорниците да му помогнат да добие привремен азил во Русија.
Сноуден, кој на „Шереметјево“ се наоѓа од 23 јуни, доби понуди за азил од три латиноамерикански држави – Венецуела, Боливија и Никарагва.