(ВИДЕО) СДСМ: Денешната пресуда против Бошкоски е срам за македонските судови

Од:

СДСМ денеска на прес-конференција оцени дека пресудата со која Љубе Бошкоски е осуден на 12 години затвор е „потврда дека не постои правна држава и независно судство“.

„Денешната пресуда против Љубе Бошкоски е уште една срамна пресуда на македонските судови. Ова е уште еден доказ дека во Македонија не постои ниту правна држава ниту независно судство, ниту дека така наречените реформи им гарантираат на граѓаните владеење на правото и заштита на нивните права.

– Кога Хашкиот трибунал го ослободи, го пречекаа на аеродром како херој, за сега, на македонскиот политички трибунал да му наложат ваква пресуда“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Според портпаролот на партијата Петре Шилегов, пресудата на Бошкоски е пресметка на власта со политичките неистомисленици и противници.

„Со ова, само се потврдува дека продолжува хајката и одмаздата на власта против политичките неистомисленици и нејзините политички противници.

– Откако Македонија ја направија единствена држава каде има политички затвореници и каде владее автократски режим, мораше дополнително да го казнат, само заради тоа што ја допре најболната точка на ВМРО-ДПМНЕ, вмешаноста на фамилијата во сомнителни бизниси“, рече Шилегов.

Тој го повика Апелацискиот суд во Скопје, при одлучувањето по жалбите, да се води по законските прописи, а не по, како што наведе, политичките диктати.

„СДСМ го повикува Апелациониот суд во Скопје, при одлучувањето по жалбите, да се води по законските прописи на Република Македонија, а не по политичките диктати на центрите на моќ“, додаде портпаролот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните