(ВИДЕО) Андоновски: СДСМ злоупотребува државни објекти за рекламни паноа како Комунистичката партија на Северна Кореја

Од:

„Барокот на Шилегов очигледно не му пречи, а особено не кога треба неговиот лик да ја украси барокната зграда. Петре Шилегов, и кандидатот на СДСМ за Центар, поставиле огромни паноа. Но, не на приватен билборд, туку на зграда во наша, во сопственост на граѓаните“, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

.

„Врз основа на кој закон е дозволено имотот на општините и државата да стане рекламно пано на СДСМ? Дали ова рекламно пано било понудено на сите политички партии да можат да се рекламираат?

Или на државен имот, имотот на граѓаните, право на реклама има само и исклучиво на СДСМ? Нема да дозволиме СДСМ да се однесува како Комунистичката партија на Северна Кореја.

Исто како во комунистичките режими низ светот, Петре Шилегов сака да ја покрие сопствената неспособност и неработа поставувајќи огромни слики од кои сите треба да сме воодушевени.

Напротив, големите лаги не можат да бидат покриени со големи слики. Оваа агресивност само ја покажува нивната слабост и стравот од пораз. Затоа на овие избори ќе победат граѓаните на Скопје.

За СДСМ доаѓа силен пораз од сите луѓе на Македонија. А за оваа злоупотреба ќе има одговорност. И за оние кои тоа го дозволиле, и за оние кои ги поставиле овие пропагандни реклами.

17-ти октомври е блиску, институциите ќе се ослободат од канџите на власта, а одговорност за ова дивеење ќе има“, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%

Митрески: Бидејќи секој наш предлог се одбива, СДСМ поднесе 12 закони од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата