СДСМ: Нема доволно силна лага и дезинформација на ВМРО-ДПМНЕ за Шилегов која ќе ги убеди скопјани да се вратат назад

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку злоупотреба на немилиот настан и поигрување со чувствата на загрозените родители и деца за ситни политички поени испраќаат силна порака до граѓаните и целата јавност дека немаат ниту идеја, ниту план, ниту програма, како за Град Скопје, така и за сите општини низ државата“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Свесни за слабата, безидејна понуда за град Скопје и поразот кој ќе им го понесе кадарот на Груевски, Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ мислат дека ако илјада пати го употребат зборот „одговорност“ за Шилегов на прес-конференција и ако панично вршат притисок врз институциите ќе успеат да ја замајат јавноста од реалната состојба и извесниот пораз кој ги очекува за две недели.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов посочи во јавноста дека секоја година Градот Скопје финансира илјадници програми, но дејствата на програмите во прашање не можат да се предвидат.

Истовремено, Шилегов остро го осуди скандалот и повика на што побрзо расчистување на случајот од страна на надлежните институции.

Но, барање одговорност и осуда на скандалот од страна на Шилегов не им се доволни на ВМРО-ДПМНЕ, тоа нема да ги спаси од поразот на 17 октомври.

Граѓаните направија споредба и разлика меѓу понудата на кадри на Груевски и лица со сомнително минато и кадрите на СДСМ кои го носат најдоброто.

Нема доволно силна лага и дезинформација на ВМРО-ДПМНЕ кон Шилегов која ќе ги убеди скопјани да изберат враќање во 19 век наспроти модернизацијата и промената која доаѓа со најдоброто на Шилегов“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса