Со дерби натпреварот од 18:30 часот во Битола меѓу Пелистер и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, денеска продолжуваат возбудувањата во рамки на првото коло од јубилејната 30. сезона во Првата македонска кошаркарска лига.
Во саботните воведни три натпревари, Еуро Никел триумфираше над Гостивар (88-77), Работнички како гостин славеше над МЗТ Скопје Уни Банка (85-78), додека Феникс 2010 со победа над Академија ФМП (70-68) дебитираше во прволигашката конкуренција.
Првото коло од новата сезона в понеделник ќе биде комплетирано со натпреварите Кожув – ТФТ и Куманово – Ангели.