Кралица Елизабета: Светот ќе гледа кон Шкотска на климатскиот самит следниот месец

Од:

Вниманието на целиот свет ќе биде насочено кон Шкотска следниот месец на климатскиот самит КОП26, рече денеска британската кралица Елизабета Втора пред шкотските пратеници.

Кралицата денеска го отвори шкотскиот Парламент, четири месеци по изборите, на кои се вратија мнозинството поддржувачи на независноста на Шкотска, кои ветија дека ќе одржат нов референдум за отцепување од Британија.

– Светот ќе гледа кон Обединетото Кралство, а особено кон Шкотска, кога лидерите ќе се соберат да разговараат за предизвиците за справување со климатските промени, рече кралицата Елизабета Втора.

Таа додаде дека „шкотскиот Парламент, како и сите парламенти, има клучна улога да помогне да се создаде подобра, поздрава иднина за сите, како и да се ангажира за луѓето што ги претставува, особено за младите“.

Елизабета Втора ќе присуствува на конференцијата во Шкотска. Членовите на нејзиното семејство, пред се нејзиниот син Чарлс и нејзиниот внук Вилијам, долго време се обидуваа да привлечат внимание на голем број еколошки проблеми.

Шкотска е дел од Велика Британија повеќе од 300 години. Од 1999 година, има свој парламент и автономна администрација, која е одговорна за повеќето локални политики.

Во ноември, Обединетото Кралство ќе биде домаќин на Самитот за климатски промени КОП26, за кој британските лидери велат дека е последна шанса за светските лидери да се посветат на цврсти цели за намалување на емисиите на стакленички гасови во следната деценија и спречување на катастрофално затоплување.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on