Само шест голови донесоа денешните пет натпревари во рамки на 9. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), кое ќе биде заокружено утре со дербито меѓу Шкупи и Работнички.
Актуелниот првак Шкендија попладнево ја забележа најубедливата победа, совладувајќи го во Тетово Борец со 3-0.
9. коло резултати:
Шкендија – Борец 3-0, Брегалница – Струга 1-0, Скопје – Академија Пандев 0-0, Македонија ЃП – Ренова 1-1, Пелистер – Тиквеш 0-0.
Недела, 15 часот.
Шкупи – Работнички
Табела: Ренова 18, Шкупи 17, (-1) Академија Пандев 15, Работнички 15(-1), Шкендија 14, Струга 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 10, Скопје 9, Борец 7, Тиквеш 6, Пелистер 4.