Околу 30 лица загинаа денеска во Јужнoaфриканска Република при судар меѓу товарен воз и камион, кој превезувал луѓе.
Телевизијата „Инњуз“ соопшти дека несреќата се случила во провинцијата Мпумаланга.
Возачот на камионот, кој превезувал земјоделски работници, доближувајќи се на железничкиот премин не го забележал возот, кој удрил во камионот.
Според првичните податоци во камионот се наоѓале 55 лица.