Македонскиот народен театар со „Мој термин“ го отвора 55. фестивал „Војдан Чернодрински“

Од:

„Мој термин“ е претставата со која Македонскиот народен театар годинава ќе го отвори 55. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Официјалната фестивалска програма, која со децении претставува селекција од најдобрите театарски продукции, ќе трае осум дена. Во натпреварувачкиот дел ќе учествуваат македонски театарски куќи вклучително и МНТ со претставата „Мој термин“ што ќе се одигра вечерва на 1 октомври во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Пиесата е по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов. Со ова гостување, маестралната актерска игра на: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски станува сѐ по достапна и до фестивалската публика во регионот.

Фестивалот ги применува и ќе се придржува кон сите утврдени протоколи за заштита од КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора