Франција го предупреди Мали дека ќе ја загуби поддршката доколку ја регрутира руската група „Вагнер“

Од:

Франција денеска го предупреди Мали дека ќе ја загуби поддршката од меѓународната заедница и ќе се откаже од цели делови на својот суверенитет доколку ангажира платеници од приватната руска компанија „Вагнер“.

-Доколку Мали влезе во партнерство со платеници, земјата ќе биде изолирана, ќе ја загуби поддршката од меѓународната заедница, која инаку е многу ангажирана во оваа земја, кажа денеска француската министерка за одбрана Флоренс Парли во говор во Сенатот.

„Мали ќе загуби цели делови од својот суверенитет – доволно е да се види што се случува денес во Централноафриканската Република, далеку од тоа да ги диверзифицира партнерствата, туку ќе се затвори во партнерство со платеничка компанија“, додаде француската министерка.

Членовите на групата „Вагнер“ се присутни во Либија и Централноафриканската Република.

Франција веќе го предупреди Бамако дека вклучувањето на оваа руска група во Мали ќе е некомпатибилно со француското воено присуство и присуството на други земји и меѓународни организации.

-За нас, работите се јасни, кохабитација со платеници не е возможен, повтори Парли.

Таа ги отфрли зборовите на претседателот на Мали, кој ја обвини Франција дека ја напушта земјата, и затоа е принудена да почне преговори со групата „Вагнер“.

-Франција не го напушта Мали, целосно е скандалозно на светот да му се каже дека Франција заминува, рече министерката.

Франција во јуни почна да го реорганизира своето воено присуство во Сахел и тогаш ги напушти северните бази во Мали (Кидал, Томбукту и Тесалија) и соопшти дека планира до 2023 година да го намали бројот на војници во регионот меѓу 2.500 и 3.000, во споредба со сегашните повеќе од 5.000. Но, Париз нагласува дека тоа не значи повлекување од земјата.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано