Авион на руската компанија Аерофлот на лет од Москва до Хавана го измени курсот што наведе западни медиумски извештаи дека во леталото се наоѓа поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден.
Авионот за Хавана полетал од московскиот аеродром Шереметјево во 14.10 по локално време. Рутата на тој лет обично е преминување над Скандинавија и Гренланд пред насока кон Канада и САД.
Но, овојпат авионот летал во правец на запад преку Европа, а потоа продолжил преку Атлантикот.
Тоа скршнување од курсот предизвика шпекулации дека можеби во авионот е Сноуден која со тоа сака да избегне влегување во американскиот воздушен простор. Тој е обвинет во САд за шпионажа бидејќи обелодени тајна програма за надзор на американската Национална агенција за безбедност (НСА).