Џон Кери во посета на Европа

Од:

Американскиот специјален пратеник за климатски промени Џон Кери од денеска до 6 октомври ќе престојува во официјална посета на Швајцарија, Италија и Франција, соопшти прес службата на Стејт департментот.

На средбите Кери ќе разговара со своите колеги околу мерките за надминување на климатската криза пред почетокот на 26-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP26).

Тој денеска во Женева ќе се сретне со бизнисмени, осврнувајќи се на улогата на приватниот сектор во развојот на еколошки чисти технологии за надминување на климатската криза. Прелиминарен состанок на COP26 ќе се одржи во Милано од 30 септември до 2 октомври, на кој Кери ќе учествува. Од 3 до 6 октомври во Париз, тој ќе ја посети Елисејската палата, каде ќе биде домаќин на средба посветена на мобилизирање на глобалните финансиски текови за справување со климатските промени. Кери ќе учествува и на конференцијата „Заеднички вредности: Градење зелена и инклузивна иднина“.

Дваесет и шестата Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP-26) ќе се одржи во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка