Новата сала за венчавки во Штип пуштена во употреба со „случајно“ избран пар?!

Од:

Во саботата беше пуштена во употреба реновираната сала за венчавки, која се наоѓа во зградата на Општина Штип. Средствата за реконструкцијата на салата беа обезбедени преку донации од штипските фирми.

Реконструкцијата на салата започна пред месец и половина, а градоначалникот Илчо Захариев уште тогаш најави дека првиот пар што ќе има среќа да се венча во салата ќе добие и подарок од Општината.

Како што и претходно беше најавено, првиот пар чија венчавка беше закажана токму на денот на свеченото пуштањето на салата во употреба доби подарок ЛЦД телевизор од градоначалникот.

Но, граѓаните на Штип во ваквиот гест на градоначалникот гледаат лицемерност. Ваквиот став штипјани го базираат на фактот дека прв во реновираната сала се венчал и добил подарок Сашко Николовски, кој е син на сопственикот на градежната фирма „Актива“.

Токму „Актива“ реализираше дел од градежните работи при реконструкцијата, а се јавува и како донатор на средствата на новиот пешачки мост што ќе се гради во Штип.

Штипјани одамна не веруваат дека нештата кои се случуваат се случајни.

 

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски