Приведен разбојник кој со пиштол ограбил магацин и жена во Чаир

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е приведен разбојник кој заканувајќи се со пиштол, извршил кражба на улицата „Македонско Косовска бригада“ во Скопје.

„Денеска (28.09.2021) во 12.00 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир и Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Р.Р.(45) од Скопје поради основано сомнение дека на 16.09.2021 извршил кривично дело разбојничка кражба во магацински простор во маркет на ул.„Македонско Косовска бригада“ во Скопје, при што одзел пари од чанта на вработена, а откако бил забележан, со пиштол се заканил на друга вработена и се дал во бегство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он