Едвард Сноуден се уште официјално не одговорил на предлогот на Венецуела, која му понуди азил, изјави денеска венецуелскиот министер за внатрешни работи Елиас Хава.
Поранешниот советник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) во САД е обвинет за шпионажа, поради обелоденувањето на постоењето на американските програми за следење на комуникациите.
Минатата недела претседателот на Венецуела, Николас Мадуро му понуди азил на Сноуден од хумани причини. Руски пратеник пред два дена на Твитер објави дека Сноуден го прифатил предлогот од Венецуела, но твитот набрзо беше повлечен.