Макрон: Францускиот амбасадор утре се враќа во САД

Од:

Амбасадорот на Франција во САД, утре ќе се врати во Вашингтон со јасен мандат за обнова на односите и за да се изгради нова врска. На средината на октомври повторно ќе разговарам со претседателот Бајден за да ги појасниме нашите намери, рече францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за подморниците и француско-американските односи, јави дописничката на МИА од Атина.

За телефонскиот разговор со претседателот на САД Џо Бајден, Макрон рече дека нема ништо ново од она што веќе беше соопштено и повтори дека го изразил неговиот став за договорот со Австралија.

Истакна дека изборот на Австралија, со сите последици, кои останува да се одредат во следните седмици, не менува ништо и не влијае врз стратегијата на Франција во индо-пацифичкиот регион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак