Подокеанскиот кабел „2Африка“ ќе биде продолжен за 8.000 километри

Од:

Фејсбук, заедно со неколку телекомуникациски компании, финансира проект што е замислен како најдолгиот подокеански кабел во светот.

Станува збор за „2Африка“ – кабел долг 37.000 километри кој ги поврзува Африка, Европа и Азија. Фејсбук со конзорциумот ќе го продолжи кабелот со нови делови до Сејшелите, Коморските Острови, Ангола и југоисточна Нигерија. Новиот сегмент би резултирал со вкупна должина од над 45.000 километри.

Целта на иницијативата е да им се овозможи на луѓето во Африка (моментно најмалку дигитално поврзаниот континент), полесен пристап до интернет.

Потпретседателот на Фејсбук одговорен за мрежната инфраструктура, Кевин Салвадори истакна дека структурата ќе опслужува повеќе луѓе отколку што првично било предвидено во проектот.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он