Поранешната партнерка на Илон Маск: Ќе направам „лезбејска комуна“ во вселената

Од:

По разделбата со Илон Маск, канадската поп-пејачка Клер Елис Буше, позната како Грајмс, вели дека планира да замине во вселената и да стане лезбејка.

Грајмс, која има едногодишен син со милијардерот и сопственик на компанијата „Спејс-Икс“, се пошегува дека „ќе ја колонизира Европа (една од месечините на Јупитер) за лезбејска вселенска комуна, одделно од Маск“. Се чини дека пејачката успеа на шега да одговори на договорот на компанијата на Маск со НАСА, вреден 178 милиони долари, што им помогна да стигнат до Јупитеровата месечина Европа (засега, само со беспилотно летало), во обид да дознаат дали таму има живот или не.

Минатата седмица беше објавено дека двојката ја прекинала три годишната врска. Илон (50) тогаш рече: „Сѐ уште се сакаме, често се гледаме и имаме одличен однос“.

Би можело да ве интересира

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Бајден го одликуваше Сорос, Маск објави фотомонтажа: „Ова е травестија“

Маск: Кралот Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори