Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд побара продолжување на истрагата за воени злосторства во Авганистан

Од:

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим А.Х. Кан, денеска побара итно одобрување за продолжување на истрагата за воени злосторства извршени во Авганистан.

Обвинителот Кан заклучи дека откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан „веќе нема перспектива за вистинска и ефикасна домашна истрага во оваа земја“.

МКС минатата година дозволи отворање истрага за наводни воени злосторства сторени од талибанците, Исламската држава, авганистанската Влада и меѓународните сили.

Тогашната авганистанска Влада, што минатиот месец беше соборена од талибанците, побара да ги преземе случаите.

Кан денеска изјави дека доколку добие одобрение, неговата канцеларија ќе им даде приоритет на злосторствата за кои се претпоставува дека ги извршиле талибанците и терористичката група Исламска држава, вклучувајќи го и неодамнешниот напад во близина на аеродромот во Кабул, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, во кој загинаа најмалку 100 цивили.

Обвинителите, исто така, претходно истражуваа злосторства, наводно, извршени од американски сили и членови на авганистанските владини сили. Но, Кан рече дека сега веќе нема да биде приоритет поради недостаток на средства, и наместо тоа ќе се фокусира на „обемот и природата на злосторствата во надлежност на судот“.

-Тежината, обемот и трајната природа на наводните злосторства на талибанците и Исламската држава, кои вклучуваат наводи за недискриминирачки напади врз цивили, вонсудски егзекуции, прогон на жени и девојки, злосторства против деца и други злосторства што влијаат на голем број цивили, бараат фокусирање и соодветни ресурси на мојата канцеларија, ако сакаме да создадеме веродостојни случаи докажани на суд , рече Кан.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг е основан во 2002 година за да ги гони злосторствата извршени во земји кои не можат да ги изведат воените злосторници пред лицето на правдата.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан