ЕК: Фон дер Лајен доаѓа да повтори дека ЕУ држи до регионот

Од:

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со македонските лидери утре попладне ќе разговара за спорот со Бугарија, повеќе детали за разговорите ќе бидат соопштени по средбата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од Европската Комисија не сакаат да откријат во кој правец ќе се движат разговорите утре во Скопје, ниту дали ќе има пораки до Бугарија во врска со блокираниот ЕУ процес за Северна Македонија.

Засега единствена порака што ја пренесуваат службите на фон дер Лајен е дека ЕУ држи до регионот.

-Таа ќе се сретне со лидерите и ќе разговара за билатералните односи со ЕУ и регионалните прашања, перспективата за преговори за членство на Северна Македонија е дел од пошироката дискусија, целта на претседателката е да ја потврди нејзината посветеност кон регионот и перспективата за преговори за членство во ЕУ со овие земји кога времето и условите ќе бидат добри и преговорите ќе бидат завршени, рече Дана Спинант, портпаролката на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

Националниот совет за евроинтеграции со еден глас: Крајно време е ЕУ да ги започне пристапните преговори за членство

Ана Ололовска

Остварен добар напредок, особено во подготовката и спроведувањето на Пописот 2021, се вели во Извештајот на ЕК

Ана Ололовска

ЕК: Постигнат е напредок во економската и социјалната политика, но има уште неисполнети препораки

Ана Ололовска

Извештај на ЕК за напредокот на Македонија: Земјата задржа постојан и одлучен тек во реформите

А1он

ЕК: Ниедна земја членка не смее да се меша во домашна политика на други земји

Ана Ололовска

Фон дер Лајен денеска во Скопје, а утре во посета доаѓа и еврокомесарот Вархеји

Ана Ололовска