Протести во Москва за укинување на електронското гласање

Од:

Стотици луѓе, незадоволни од минатонеделните парламентарни избори, се собраа денеска да протестираат во центарот на Москва, со порака да се врати стариот начин на гласање.

Протестот го организираа неколку пратеници, од кои повеќето се од Комунистичката партија, кои порачаа дека се измамени при електронскиот начин на гласање и побараа да се укине тој систем.

Полицијата вчера уапси некои опозициски активисти и предупреди дека ќе ги прекине сите неодобрени собири викендов, откако опозициската коалиција, незадоволна од исходот на парламентарните избори, ги повика поддржувачите да се соберат во Москва.

Комунистите, кои се сметаат за „системска“ опозиција која Кремљ ја „толерира“, ги повикаа гласачите денеска да разговараат со пратениците од партијата и побараа да се ревидираат резултатите од гласањето во Москва.

Меѓутоа, нема нови апсења на денешниот протест на комунистите, на кој присуствуваа стотици луѓе.

Централната изборна комисија на Русија вчера ги потврди резултатите од изборите за Државната дума, одржани од 17 до 19 септември, според кои најмногу места доби Единствена Русија на претседателот Владимир Путин, 324 од вкупно 450 мандати.

Кремљ соопшти дека има намера електронското гласање, што беше користено во Москва за овие избори, како и во неколку други региони, да го прошири низ целата земја на следните избори.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он